Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО: Се дупна гумата на автомобилот со кој се возеше српскиот претседател Вучиќ

Како што пренесува РТС, повикувајќи се на медиумите и социјалните мрежи, денеска на патот за Мокрин од службениот автомобил на српскиот претседател Александар Вучиќ испаднало тркало.

Според вестите објавени на порталот РТС, по инцидентот Вучиќ се префрлил на друго возило и ја продолжил обиколката на Централниот банатски округ.

Јавниот сервис вели дека истрагата е во тек.

„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот митинг во Кикинда. На пат бев со мојот автомобил. Значи дали пукна гумата, или се случи нешто друго тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го сторат тоа. Влегов во друг автомобил и пристигнав во Мокрин“ изјави Вучиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен