Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Опозицијата на протест во Тирана против „луксузот и корупцијата“ на владата на Рама

Илјадници граѓани се собраа вечерва на протест во Тирана, одговарајќи на повикот на албанската опозиција за изразување незадоволство од „луксузот и корупцијата“ на Владата на Еди Рама, која ја нарекоа „единствената нарко-држава во Европа“.

Меѓу симболите на протестот се најде транспарент со фотографии на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Демократската партија, Сали Бериша. Во меѓувреме, Илир Мета, лидерот на Партијата на слободата, се обрати до демонстрантите преку аудиопорака од затвор, обвинувајќи го Рама дека 12 години ја води земјата со празни ветувања и манипулации.

Тензиите ескалираа кога Бериша излезе на говорницата – тогаш од толпата беа фрлени пиротехнички средства, при што тројца полицајци се здобија со повреди. Во својот говор, тој ја обвини власта за репресија и најави изборна победа на 11 мај, споредувајќи ја борбата на неговата партија со рушењето на комунистичкиот режим. Тој, исто така, откри дека вечерва патува за Рим, каде што ќе се сретне со албанската дијаспора.

Протестот не остана фокусиран само на домашните прашања – многумина носеа транспаренти со критики кон Џорџ Сорос и Еди Рама, поврзувајќи ја ситуацијата во Албанија со меѓународните политички текови. Поддржувачите на Бериша го поврзаа враќањето на Трамп на политичката сцена со можноста за враќање на Бериша, тврдејќи дека двајцата биле жртви на политички прогон од обвинители финансирани од Сорос.

За безбедноста на протестот беа мобилизирани повеќе од 1300 полициски службеници од различни сектори.

Зачлени се на нашиот е-билтен