Tрипадвајзер: Ова се најдобрите европски плажи за 2025 година

Платформата за патувања „Tripadvisor“ ја објави својата годишна листа на најубави европски плажи за 2025 година, базирана на милиони кориснички прегледи. Листата вклучува кристално чисти води, беспрекорен песок и природни пејсажи, а меѓу топ-дестинациите доминираат Грција, Италија, Шпанија и Португалија.

Најдобрите и најблиски плажи за туристите од регионот се:

Елафониси (Крит, Грција) – позната по розовиот песок и тиркизната вода.
Миртос (Кефалонија, Грција) – спектакуларна плажа со бели камчиња и длабока сина боја.
Фаласарна (Крит, Грција) – идеална за љубителите на природни пејсажи и мирни води.
Заливот Ентони Квин (Родос, Грција) – живописна плажа со карпест релјеф и кристално чиста вода.
Изтузу (Далјан, Турција) – заштитено подрачје познато како „плажата на желките“.
Коњаалти (Анталија, Турција) – градска плажа со поглед кон планини.
Макронисос (Аја Напа, Кипар) – егзотичен залив со фин бел песок.
Во Италија, високо на листата се рангирани Спјаџа деј Кониљи (Сицилија), Тропеа (Калабрија), Кала Мариолу и Спјаџа ла Чинта (Сардинија).

Од шпанските и португалските дестинации, Фалесија (Алгарве, Португалија), Плаја де Муро (Мајорка, Шпанија) и Сес Илетес (Форментера, Шпанија) се издвојуваат како најпосетувани.

На листата се најде и Рејнисфјара (Исланд) – позната по своите црни вулкански плажи, како и неколку плажи од Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Вејмут и Горелстон-На-Море.

Со летната сезона на повидок, оваа листа претставува водич за оние кои бараат идиличен одмор покрај море.

Зачлени се на нашиот е-билтен