Денеска не очекуваат утрински температури од -8 до 0 степени, додека дневните ќе се искачат од 3 до 7 степени.
Според УХМР, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во текот на ноќта на планините ќе има услови и за слаб снег.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Како што информира УХМР, од денеска следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.