Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата покажува подобрување на здравствената состојба

Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Папата Франциск покажува „понатамошно, мало подобрување“ додека се бори со двојната пневмонија во болница, а претходно дијагностицираниот проблем со бубрезите е решен.

Папата Франциско (88) го поминува својот 13-ти ден во болница во Рим, што е најдолг престој во болница за време на неговата 12-годишна служба на чело на Римокатоличката црква, пренесува Ројтерс.

Во вторникот, Ватикан соопшти дека папата четврти ден по ред останува во критична состојба, но дека е стабилен и дека нема никакви нови респираторни проблеми.

Прогнозата, како што беше наведено вчера, останува неизвесна, но „стабилни“ биле и неговите параметри кои ја мерат функцијата на циркулаторниот систем.

Франциск, кој е папа од 2013 година, имаше неколку здравствени проблеми во последните две години. Тој е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад добил плеврит и хируршки му бил отстранет дел од белите дробови.

Зачлени се на нашиот е-билтен