Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВИДЕО) Трамп: Не верувам дека сум го нарекол Зеленски диктатор

Американскиот претседател Доналд Трамп одговарајќи на прашања за медиумите во Овалната соба во Белата куќа рече дека не верува оти го нарекол украинскиот претседател Зеленски.

Запрашан дали мисли дека Зеленски е диктатор, Трамп одговори „Јас го реков тоа. Не ми се верува дека сум го рекол тоа“ рече Трамп.

Претходно, по критиките од Зеленски за средбата меѓу САД и Русија минатата недела, Трамп го опиша украинскиот лидер како „диктатор“ – повторувајќи ги тврдењата на Русија  во врска со фактот дека Киев нема одржано избори од 2019 година.

Изборите беа закажани за мај 2024 година, но беа суспендирани бидејќи Украина е под воена состојба откако Русија ја започна својата целосна инвазија.

Зачлени се на нашиот е-билтен