Истрели и експлозии се слушаат во суданската престолнина Картум по неколкудневните тензии меѓу озлогласените паравоени сили во земјата и армијата на Судан, пишува Би-Би-Си, а конфликтот почнал поради предложената транзиција кон цивилно управување.
Ројтерс јави дека се слушаат истрели во близина на штабот на армијата во центарот на градот, а нивниот репортер видел топови и оклопни возила на улиците и слушнал оган од тешко оружје. Паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) соопштија дека ја презеле контролата врз аеродромот, резиденцијата на началникот на армијата и претседателската палата. Овие наводи засега не се потврдени.
Претходно РСФ објави дека бил нападнат еден од нивните кампови во јужниот дел на Картум. Од друга страна, суданската армија соопшти дека борците на РСФ се обидуваат да го заземат воениот штаб.
Борците од Силите за брза поддршка нападнаа неколку воени кампови во Картум и на други места низ Судан. Судирите продолжуваат и армијата ја извршува својата должност да ја заштити земјата, изјави портпаролот на бригадата Набил Абдалах.
Новинската агенција Ројтерс, исто така, се повикува на изјави на сведоци дека имало пукање во северниот град Мероу. Телевизијата Аларабија објави фотографии од чад што се издига од воен камп, јави Ројтерс. Генералите управуваат со земјата, преку она што се нарекува Суверен совет, од пучот во октомври 2021 година.
РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал. Во меѓувреме, армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој го предводи Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ сакаше тоа да го одложи за 10 години, но армијата смета дека тоа треба да се случи за две години.
Западните сили и регионалните лидери ги повикаа двете страни да ги намалат тензиите и да се вратат на разговорите насочени кон враќање на цивилното владеење. Американскиот амбасадор Џон Годфри напиша на Твитер: „Итно ги повикувам високите воени лидери да ги прекинат
Опишувајќи ја ситуацијата во градот, тој рече дека се разбудил од длабоко вознемирувачките звуци на пукотници и борби. „Во моментов се засолнувам со тимот на амбасадата, како што тоа го прават Суданците низ Картум и на други места“.
Со државниот удар во 2021 година заврши периодот од над две години кога воените и цивилните лидери ја поделија власта. Овој договор беше постигнат откако долгогодишниот авторитарен судански претседател Омар ал Башир беше соборен од власт. По државниот удар во Картум редовно се одржуваат продемократски протести.
борбите“.
.