Над 16 милиони луѓе во Европа не можеле да си дозволат греење

Бројот на луѓе во ЕУ кои не можат да си дозволат греење се зголеми за 16 милиони, а најпогодени се вработените.

Според Европската конфедерација на синдикати (ETUC), во 2023 година дури 47,5 милиони луѓе, од кои 23,7 милиони се вработени, живееле во енергетска сиромаштија. Ова е алармантен пораст во споредба со 2019 година, кога 30,7 милиони луѓе не можеа да си дозволат топол дом.

Анализата на Евростат покажува дека половина од оние што не можат да си дозволат греење се вработени, што го покажува растечкиот притисок на високите цени на енергијата врз работниците.

ETUC повикува на итни мерки, вклучувајќи контрола на цените, забрана за прекини на струја за ранливите граѓани, поголеми јавни инвестиции во енергетската инфраструктура и правилна имплементација на Директивата за минимална плата.

„Повеќе од 363.000 луѓе умираат од студ годишно во Европа. Овој пораст на енергетската сиромаштија бара итна акција за да се обезбеди пристап до енергија за сите“, предупредуваат од ETUC.

Најчитано