Германска компанија пропаѓа по 223 години – Работниците се соочуваат со загуба на работа

Производството на стакло во градот Фрајтал, во германската покраина Саксонија, постои од далечната 1802 година. Но, сега компанијата се соочува со сериозни проблеми – се најавува реструктуирање и укинување на третина од работните места, објавуваат германските медиуми.

Оваа фабрика е еден од значајните работодавци во регионот, но неодамна управата поднела барање за стечај. Според информациите, процесот на реструктурирање ќе се води под сопствена одговорност, со надеж дека компанијата ќе биде спасена.

Од вкупно 125 работни места, 40 ќе бидат укинати, но засега не е јасно дали ќе има отпуштања. Како главни причини за финансиските проблеми се наведуваат нестабилните пазарни цени и високите трошоци за енергија.

Фабриката произведува шишиња и чаши за секојдневна употреба, а меѓу нејзините клиенти се винаријата Schloss Wackerbarth, производителот на сокови Kurt Heide и производителот на намази Nudossi.

Проблемите не завршуваат тука – финансиски тешкотии има и стакларницата Дребкау, во јужен Бранденбург. Таму, матичната компанија Ardagh најави целосно затворање на фабриката, откако во петокот истече договорот за кратко работно време.

Затворањето би можело да доведе до отпуштање на 163 работници, што веќе предизвика протести. Оваа фабрика произведува стаклена амбалажа за прехранбената индустрија.

Германската индустрија за стакло се соочува со тешки времиња, а судбината на многу работници останува неизвесна.

Зачлени се на нашиот е-билтен