[Видео] Највпечатливото од вечерта на Оскарите: Бакнежот на Хали Бери и Адриен Броди

На доделувањето на Оскарите во 2003 година, Адриен Броди, кој во тоа време стана најмладиот добитник на престижната награда за најдобар актер за улогата во филмот „Пијанистот“, спонтано ја бакна Хали Бери, која му ја врачи наградата.

Овој момент предизвика контроверзии, но актерите очигледно не го сфатија толку сериозно, па решија да го повторат бакнежот на овогодинешните награди.

„Морав да му се вратам вечерва. Тој го заслужи тоа“, изјави Бери за Variety.

Зачлени се на нашиот е-билтен