Премиерот на Гренланд: Ние не сме Данци, ниту Американци, ние сме Гренланѓани

Фото: patano, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Премиерот на Гренланд Муте Егеде во средата рече дека Гренландскиот народ ќе ја одреди сопствената иднина и дека тие не сакаат да бидат Данци или Американци.

Егеде ги даде своите коментари како реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во вторникот ја повтори својата желба да го купи Гренланд, моментално полуавтономна територија на кралството Данска.

„Ние не сакаме да бидеме Американци, ниту Данци, ние сме Калаалити (Гренланѓани). Американците и нивниот лидер мора да го разберат тоа“, рече Егеде во објавата на Фејсбук.

„Ние не сме на продажба и не може да нè земат. Нашата иднина ја одредуваме ние на Гренланд“, додаде тој.

Владата на Гренланд моментално е во преоден период што води до изборите закажани за 11 март. Кампањата е фокусирана првенствено на аспирациите за независност на островот и покрај интересот на Трамп.

Министерот за надворешни работи на Данска претходно во средата изјави дека е значајно што Трамп го признал правото на Гренланд на самоопределување во неговото обраќање пред Конгресот.

Анкетите покажуваат дека повеќето жители на Гренланд се против приклучувањето кон САД, иако мнозинството се за евентуална независност од Данска. Данската влада соопшти дека арктичкиот остров мора сам да одлучи за својата иднина и дека не е на продажба.

„Трамп рече тие го почитуваат правото на Гренландско самоопределување и мислам дека тоа беше најважниот дел од тој говор“, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен на прес-конференција во Хелсинки во средата.

Зачлени се на нашиот е-билтен