Израел и Хамас подготвени за следната фаза од преговорите за прекин на огнот

Израел и Хамас во саботата сигнализираа дека се подготвуваат за следната фаза од преговорите за прекин на огнот, додека посредниците продолжуваат со разговорите за продолжување на кревкото 42-дневно примирје што започна во јануари.

Хамас рече дека има „позитивни показатели“ за почеток на разговорите за прекин на огнот во втората фаза, но не даде детали.

Израел, исто така, рече дека се подготвува за разговори. „Израел ја прифати поканата на посредниците поддржани од САД и ќе испрати делегација во Доха во понеделник во обид да ги унапреди преговорите“, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Делегација на Хамас учествува во разговори за прекин на огнот во Каиро со египетските посредници кои помагаат во олеснувањето на разговорите заедно со официјални лица од Катар. Тие имаат цел да продолжат во следната фаза од договорот, што би можело да го отвори патот за завршување на војната.

„Ја потврдуваме нашата подготвеност да се вклучиме во преговорите во втората фаза на начин што ќе ги исполни барањата на нашиот народ и повикуваме на интензивни напори за помош на Појасот Газа и укинување на блокадата на нашиот народ кој страда“, рече портпаролот на Хамас, Абдел-Латиф Ал-Кануа во изјавата.

Во подоцнежната изјава во која се известува за состанокот на својата делегација со шефот на египетската општа разузнавачка агенција, Хасан Махмуд Рашад, Хамас го потврди одобрувањето на групата за формирање комитет од, како што ги опиша како „национални и независни“ луѓе, кои ќе ја водат Газа до изборите.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси претходно изјави дека Каиро работел во соработка со Палестинците на создавање административен комитет од независни, професионални палестински технократи на кои им е доверено управувањето со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Газа.

Неговите забелешки дојдоа за време на арапскиот самит на кој беше усвоен алтернативниот план за реконструкција на Египет за Газа, визијата на американскиот претседателот Доналд Трамп за „Ривиера на Блискиот Исток“.

И покрај тоа што дипломатијата продолжи, израелски воздушен напад во саботата уби двајца Палестинци во Рафах во јужниот дел на Газа, соопштија медицински извори.

Договорот за прекин на огнот во Газа, кој стапи на сила во јануари, бара да се ослободат преостанатите 59 заложници кои ги држеше Хамас во втора фаза, за време на која ќе се преговараат конечните планови за крај на војната.

Првата фаза од прекинот на огнот заврши минатата недела. Израел оттогаш воведе целосна блокада на сите стоки што влегуваат во енклавата, барајќи од Хамас да ги ослободи преостанатите заложници без да започне преговори за завршување на војната во Газа.

Борбите се прекинати од 19 јануари, а Хамас ослободи 33 израелски заложници и пет Тајланѓани за околу 2.000 палестински затвореници и притвореници. Израелските власти веруваат дека помалку од половина од преостанатите 59 заложници се уште се живи.

Во нападот на Израел врз енклавата загинаа повеќе од 48.000 Палестинци, според здравствените власти во Газа. Исто така, внатрешно раселеное  речиси целото население на Газа, поради што се појавува обвинувања за геноцид и воени злосторства што Израел ги негира.

Нападот започна откако исламистичките борци предводени од Хамас извршија рација во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи 251 заложник, според израелските податоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен