Во утринскиот извештај, Ватикан соопшти дека папата Франциск имал мирна ноќ и се одмора, додека неговата здравствена состојба продолжува да биде стабилна.
Согласно соопштението, клиничката состојба на папата останува стабилна, а тој добро реагира на терапиите. Лекарите потврдиле дека папата покажал „постепено, мало подобрување“ во текот на последните неколку дена.
Во изјавата дадена синоќа, докторите нагласиле дека папата нема треска и дека неговото ниво на кислород во крвта е во нормала, што е добар знак за неговото опоравување.