Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение против 37-годишен маж за обид за убиство, поради настан што се случил на 10 декември 2024 година во селото Мирковци. Обвинетиот, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, се обидел да го лиши од живот еден човек. Покрај него обвинето е уште едно лице за помагање.
Според обвинението, двајцата обвинети дошле со такси пред куќата на жртвата, каде што ја повикале жртвата да излезе. Кога тој се појавил на вратата, првообвинетиот извадил пиштол и испукал еден куршум во неговата насока. Среќа, жртвата навреме го забележал оружјето и успеал да се повлече зад вратата, која автоматски се заклучила. Куршумот завршил во ѕидот, близу рамката на вратата.
По овој инцидент, обвинетиот продолжил да се обидува насилно да влезе во куќата, но безуспешно. Двајцата обвинети, потоа, избегале од местото на настанот.
Вториот обвинет помагал да се сокрие оружјето по извршениот напад. Тој на 23 декември 2024 година, со истиот пиштол, предизвикал општа опасност, за што бил осуден на 22 јануари 2025 година.
Јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за првообвинетиот, додека вториот обвинет останува во притвор до правосилноста на пресудата за предизвикување општа опасност.