Папата Франциск денеска им се заблагодари на здравствените работници кои се грижат за него во римската болница „Гемели“ и повторно апелираше за мир во воените зони низ светот.
Неговата порака беше објавена од Ватикан, како и претходните недели откако Папата (88) беше примен во болница на 14 февруари.
Во својата порака, Папата повика на мир во Украина, Појасот Газа, Израел, Либан, Мјанмар, Судан и Демократска Република Конго.
Ватикан синоќа соопшти дека клиничката состојба на Папата останува стабилна во последните неколку дена, а тој добро реагира на терапиите.
Лекарите изјавија дека Папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови и дека е во стабилна состојба, без треска и со добро ниво на кислород во крвта.