Сириското претседателство најави формирање нов комитет кој ќе ги испита и идентификува сторителите зад нападите врз цивили кои се случија во изминатите неколку дена.
Комитетот ќе се состои од седум члена и ќе биде независен, пишува Претседателството во објава на Телеграм.
Соопштението доаѓа по повиците за мир по неколкудневните насилни судири, меѓу сириските безбедносни сили и цивилите од верското малцинство алавити.
Комитетот „ќе ги испита прекршувањата врз цивилите и ќе ги идентификува одговорните за нив“, се вели во соопштението.
Стотици луѓе се собраа во главниот град на Сирија, Дамаск, за да протестираат против насилството во земјата. Демонстрантите со плакати пристигнаа претходно на плоштадот Марје, познат и како плоштад на мачениците.
Демонстрантите повикуваат на национално единство и на кривично гонење на сторителите. Но, тие исто така испраќаат порака до семејствата на убиените – дека стојат со нив и против секоја секташка тензија или насилство.