Британец прегазен од придружната колона на кенискиот претседател

Фото: Dean Calma / IAEA, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Британец починал откако бил прегазен од возило од колоната на кенискиот претседател Вилијан Руто на патот Нгонг во Најроби.

Инцидентот се случил во четвртокот во близина на Адамс Аркад, при што кениската полиција потврдила дека жртвата е странски државјанин. Возачот на владиното возило е уапсен, но подоцна пуштен со кауција.

Жрвата е  79-годишниот Едгар Чарлс Фредерик. Британското Министерство за надворешни работи изјави дека го поддржува семејството на г-дин Фредерик и одржува контакт со локалните власти. Британската висока комисија во Кенија потврди дека е во контакт со официјални лица во врска со инцидентот.

Според кенискиот весник The Star, полицијата објаснила дека возачот не застанал од безбедносни причини, бидејќи автомобилот на претседателот бил во близина. Оваа одлука предизвика критики на социјалните мрежи, при што некои Кенијци се сомневаат во брзината со која се движела поворката.

Фредерик бил во посета на Кенија за да ги види неговата сестра и внук, кои се жители на земјата. Неговите најблиски се известени, а посмртниот преглед е закажан за петок, според Би-Би-Си.

Зачлени се на нашиот е-билтен