Нови 12 пациенти пренесени во Белград, тројца во Атина, двајца во Виена

По катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, бројот на повредени лица кои се префрлаат на лекување во странство продолжува да расте.

Денеска, со воен авион на српската армија, уште 12 пациенти беа префрлени во Белград, каде четворица од нив се хоспитализирани во Воено-медицинската академија (ВМА), а осум во Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Со најновиот транспорт, досега во Белград се префрлени вкупно 29 пациенти, од кои дел се на лекување и во Ургентниот центар.

Покрај префрлањата во Србија, двајца повредени заминуваат на лекување во Виена, а тројца во Атина. Во меѓувреме, во Клиниката за токсикологија во Скопје се хоспитализирани 10 лица со интоксикација од гасови, додека уште три лица се под медицинска опсервација поради вдишување на гасови.

Пожарот во дискотеката во Кочани однесе 59 животи, а 155 лица се повредени. Најтешко повредените се хоспитализирани во земјава и во странство, додека останатите се под лекарска грижа во болниците низ Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен