Во име на студентската автономија, Независното собрание на студентите на УКИМ ги повикува сите студенти на пленум во понеделник во 13 часот на платото на УКИМ, соопштија од оваа организација.
Во поувкот се вели: „Не ни треба бирократско тело кое работи зад наш грб. Време е студентите да одлучуваат за своите факултети, а не второстепеното бирократизирано тело УСС“.
Во соопштението НСС УКИМ „повикува сите факултетски собранија да го следат примерот на ФСС ФЗФ и да го делегитимираат телото кое не ги претставува студентите“.
„Во понеделник, сите на платото – студентската автономија не се моли, туку се брани“, се нагласува во повикот.