Иницијативата „Кој е следен?“ повикува на протест во понеделник

„До недела ќе молчиме. Но, од понеделник, тишината завршува. Од понеделник, се гледаме на улиците – гласни, бескомпромисни и обединети“ повикуваат од иницијативата „Кој е следен?“.

Преку социјалните мрежи иницијативата, која се формираше по прегазувањето на младата Фросина во Скопје и која го оргнизираше масовниот собир за искажување сочувство на загинатите во трагичниот пожар во Кочани, повикува на протест.

Како што пишуваат тие на социјалните мрежи, протестот се организира за да нема заборав и да нема повеќе загубени животи поради небезбедност и неодговорност.

„Доста бевме ние, системот е следен“ велат од иницијативата „Кој е следен?“.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?