Приведен директорот на фудбалската А репрезентација

Данчо Масев, кој пред само два месеца стана директор на фудбалската А-репрезентација на Македонија бил притворен пред една недела и во моментов се наоѓа во затворот во Шутка.

Како што објави „Слободен печат“, тој бил притворен поради поврзување со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Од ФФМ известија дека Масев веќе е разрешен од неговата позиција, но рекоа дека немаат информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до неговото притворање.

„Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица. Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата“ велат од ФФМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен