Наследникот на „Дубаи чоколадото“ го освојува светот, 21 евро чинат 180 грама

По популарноста на прочуената „Дубаи чоколада“, на социјалните мрежи се појави нов тренд – „Angel Hair“ или „Коса на ангел“. Некои дури тврдат дека оваа деликатесна чоколада ќе ја надмине славата на нејзиниот претходник.

Оваа рачно изработена бела чоколада доаѓа од белгискиот производител „Tucho“ и нуди уникатно полнење: традиционалниот турски десерт пишмание, кој потсетува на шеќерна волна, комбиниран со крем од ф’стаци и суптилни ноти на ванила, калинка и малина. Кога ќе се скрши, чоколадата открива тенки, деликатни нишки налик коса – по што го добила своето име.

Со цена од 21 евро (околу 1300 денари) за плочка од 185 грама, „Angel Hair Chocolate“ припаѓа на категоријата на луксузни чоколади. Со вклучени даноци и достава, конечната цена може да достигне и до 30 евра.

И ова чоколадо нуди уникатно полнење, кое вклучува традиционалниот турски десерт пишмание (Pişmaniye). Ова слатко се подготвува со мешање на печено брашно во путер со извлечен карамелизиран шеќер, создавајќи тенки, нежни влакна. Во смесата се додаваат мелени ф’стаци, ванила, калинка и малина, што ѝ даваат богат и сложен вкус. Често се споредува со шеќерна волна по текстура, но се разликува по составот. При кршење, чоколадото открива деликатни прамени налик на коса – по што го добило своето карактеристично име.

И покрај високата цена, оваа чоколада стана исклучително барана, особено на платформите како TikTok и Instagram. Откако „Tucho“ ја претстави оваа розова сензација на 25 декември минатата година, производот беше распродаден за кратко време.

Минатата година, „Дубаи чоколадата“ стана глобален феномен, особено популарен за време на новогодишните празници. Овој десерт, создаден во слаткарницата „The Fik“ во Дубаи во 2021 година, вклучува темно белгиско чоколадо, крем од ф’стаци, ситно сечкани кадаиф-резанци и тахини паста. За само три години, неговата популарност експлодираше, а побарувачката и покрај цената остана огромна.

Сега, со „Angel Hair Chocolate“, изгледа дека љубителите на чоколадните трендови имаат нов фаворит на видик.

Зачлени се на нашиот е-билтен