Сончево и топло време, дожд само на источните планини – стабилна прогноза за Велигден

И денеска не очекува претежно сончево и топло време низ целата држава, со повремена мала до умерена облачност. Само во крајните источни планински предели постојат услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Утринските температури се движат од 5 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 18 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде слично – сончево со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 10 до 25 степени.

Велигден ќе го дочекуваме со стабилно и сончево време, со ретка облачност. Но веќе од понеделник, синоптичарите најавуваат промена: облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен