Големото свлечиште на пат низ централниот дел на Галичник е закана за безбедноста, апелираат од месната заедница

На единствениот пристапен пат што води низ централниот дел на Галичник, се појавило големо свлечиште кое сериозно го загрозува безбедното движење на жителите, посетителите и туристите, соопштија денеска од Месната заедница Галичник.

– Патот, кој е од витално значење за комуникацијата и секојдневниот живот во Галичник, во моментот е сериозно оштетен, со потенцијал целосно да се прекине пристапот до нашата заедница. Ситуацијата претставува опасност не само за безбедноста на луѓето, туку и за нормалното функционирање на сите активности во местото, се наведува во соопштението.

Галичник, како културно наследство од национално значење и симбол на традицијата и историјата на Македонија, посочуваат од Месната заедница, не може да си дозволи ваков прекин, особено во пресрет на летната сезона кога се очекуваат зголемен број гости и културни настани.

Апелираат до надлежните институции за итна интервенција и санација на патот, како и до медиумите да помогнат во подигање на јавната свест за сериозноста на ситуацијата.

Од Месната заедница Галичник за состојбата го информирале и Центарот за управување со кризи. ц

Зачлени се на нашиот е-билтен