Естонија доби шест американски ракетни системи HIMARS, објави Естонскиот центар за инвестиции во одбраната.
Мобилните ракетни системи, со дострел до 300 километри, се предадени на естонската војска во воздухопловната база Амари, објави Центарот.
– Пристигнаа!, објави естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна на X.
„Ова ја зајакнува не само естонската одбрана, туку и безбедноста на целиот НАТО сојуз“, додаде тој.
Литванија и Латвија, исто така, нарачаа неколку системи HIMARS.
HIMARS (Високомобилен артилериски ракетен систем) е артилериски систем од повеќе ракетни лансери поставени на лесен камион. Се произведува од „Локид Мартин“.
Може да лансира различни видови ракети, вклучувајќи ракети со дострел до 80 километри и тактички ракети со дострел до 300 километри.