Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во програмата Global Combat Air Programme (GCAP), чија цел е развој на борбен авион од следната генерација, и притоа ги отфрли медиумските написи според кои Рим се обидел да го спречи Берлин да ѝ се придружи.
Владата во соопштението истакнува дека извештајот на „Фајненшел тајмс“ (Financial Times), во кој се наведува на помисла дека Италија се противи на влезот на Германија, е „целосно лажен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим.ж
Италија истакна и дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во GCAP, како и дека предложила Берлин на почетокот да се вклучи исклучиво во својство на набљудувач за да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство.
Рим појасни дека целта на ваквиот предлог е да се забрза вклучувањето на Германија со истовремено зачувување на временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин.
Својот став Италија го повтори на видеоконференцијата неодамна одржана во рамките на GCAP, на која учествуваа трите партнерски земји, се наведува во соопштението и се додава дека на учеството на Германија гледаат како на „позитивна можност“.
Програмата GCAP ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а нивната цел е развој на борбен авион од следната генерација до 2035 година, при што индустриските активности ги предводат компаниите „Леонардо“ (Leonardo), „БАЕ Системс“ (BAE Systems) и јапонската „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries).

