Дали знаете дека на сила е одлуката на Европската комисија за ограничување на количината на течни товари што патниците можат да ги носат во рачниот багаж на аеродромите во ЕУ.
Одлуката за повторно воведување на ова правило низ целата ЕУ ја донесе Европската комисија на крајот на јули минатата година. Ова важи за аеродромите во ЕУ, како и за Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн и Норвешка (ЕЕА), објавува Скај њуз.

Ова значи дека важи ограничувањето од 100 милилитри за секое парче багаж, дури и на аеродромите каде што се инсталирани скенери за рачен багаж C3, што им овозможи на патниците да носат поголеми количини течности со себе.
Според европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), скенерите C3 веќе се инсталирани на аеродромите во ограничен број земји како што се Германија, Ирска, Италија, Литванија, Малта, Холандија и Шведска.
Европската комисија објави дека нејзината одлука не е „одговор на каква било нова закана“, туку дека е предизвикана од привремен технички проблем, бидејќи постојат информации дека ефикасноста на скенерите „не го исполнува стандардот за кој се одобрени“.
Ограничувањето на количината на течност постои бидејќи традиционалната безбедносна опрема, како што се рендгенските апарати, не можат ефикасно да детектираат течни експлозиви.