„Директната комуникација со Бугарија мора да се случи. Ние не можеме да очекуваме дека некој ќе ни го ќе ни го реши проблемот“, вели во интервју за Рацин.мк поранешниот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ.
Ток предупредува дека „треба да сфатиме дека времето не работи за нас“, и дека во таа насока е значајно што актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ има доволно поддршка за да влезат во градење на национален консензус.
„Албанскиот блок комплетно дава поддршка. СДСМ како најголема опозициска партија исто така, и мислам дека и до сега требаше да се направат чекори во таа насока, за да побрзо едноставно излеземе излеземе од тоа. Колку бидеме поединствени по овие прашања, толку ќе ни биде поцврста позицијата во натамошниот тек на преговорите, кој што ќе биде многу тежок“, истакнува Бојан маричиќ.
Тој потсетува дека и со Грција имавме вакви фази, проблемот беше изнесуван и на меѓународните судови, но дека на крајот моравме да седнеме со нив и да ги договориме работите, да го решиме спорот.
„Мислам дека веќе ние имаме рамка за решавање. Клучните прашања се веќе решени според мене. Оние прашања што се дополнителни, околу статусот на бугарското малцинство кај нас или околу некои историски теми, сето тоа има инструменти како да се реши во од, и да не не’ доведе до блокада и јас сум убеден дека ние имаме доволно сила да го истераме тој процес без да бидеме надмудрени, надитрени или притиснати, туку едноставно да го изодиме тој пат чувајќи го нашиот интерес“, потенцира Маричиќ во интервјуто за Рацин.мк.