Медитерански вкусови во Веро, од кафе и тестенини до алва и бисквити

Кафе, тестенини, балсамико кремови, алва и бисквити се дел од актуелната селекција што Веро ја претставува под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“. Понудата обединува производи за подготовка на оброци, додатоци за салати и слатки вкусови за секојдневните паузи.

Во рамки на концептот „Само во Веро“ се застапени брендовите „Лумидис Папагалос“, „Хелиос“, „Galaxy Foods“, „Olympos“ и „Papadopoulos“, со производи од повеќе категории на медитеранската кујна.

За љубителите на кафе, во селекцијата е „Лумидис Папагалос“, додека „Хелиос“ нуди избор на тестенини за различни рецепти. Покрај класичните шпагети и макарони, достапни се таљатели, орзо, лазањи и други форми.

За дополнување на оброците, понудата на „Galaxy Foods“ вклучува балсамико кремови, оцет, сенф, сок од лимон и преливи. Тие можат да се комбинираат со салати, предјадења, месо и сирења.

Традиционалните слатки вкусови се застапени преку производите на „Olympos“. Изборот опфаќа различни видови алва, таан и други производи од сусам, во класични и посовремени комбинации.

Во понудата на „Papadopoulos“, пак, се вклучени грисини, интегрални производи и сендвич-бисквити со повеќе вкусови.

Од Веро наведуваат дека со оваа селекција го дополнуваат асортиманот и им овозможуваат на потрошувачите да откријат производи што можат да внесат разновидност во домашното мени.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?