Со потпишувањето на партнерството се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија, што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст, соопшти Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.
– Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и технологија. Ќе може да се потпре на широк спектар на поддршка, вклучувајќи програми за техничка помош и до 5 милијарди фунти поддршка за финансирање проекти во Северна Македонија, наведуваат од амбасадата.
Потпишанаото партнерство Влада со Влада, како што се посочува, ја нагласува посветеноста на двете земји да соработуваат на клучни инфраструктурни проекти кои обезбедуваат социјални, економски и еколошки придобивки.
– Со искористување на експертизата и иновациите на двете земји, ова партнерство ќе го поттикне развојот на инфраструктура што поттикнува раст и просперитет. Размената на знаење и најдобри практики меѓу нашите две земји ќе биде од централно значење за овој G2G, црпејќи од експертизата во соодветните инфраструктурни области на двете земји. Ова значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси работат во партнерство со Владата на Северна Македонија и нивниот локален синџир на снабдување за реализација на инфраструктурни проекти низ Северна Македонија. Овој пристап ќе генерира взаемни придобивки за двете земји преку споделување на иновации за испорака на отпорна инфраструктура што го поттикнува растот, се вели во соопштението од Амбасадата на Обединетото Кралство.