Двe лица загинаа во Скопје, со мотор удриле во бетонски столб

Две лица загинаа во Скопје синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје. Во несреќата мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. 

Како што информира МВР, случајот вчера во 18:23 часот бил пријавен во СВР Скопје.

– Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен