Филипче: Владата воведе данок на иднината и под хипотека стави неколку идни генерации

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

„Министерката за финансии нема одговор на овие прашања. Тоа е еднакво неодговорно и ако не знае, и ако ги крие информациите. Тоа не доликува на некој што треба да ја чува државната каса“, рече Филипче.

Пресметките на СДСМ покажуваат дека со вакво задолжување сериозно ќе се оптовари јавниот долг и ќе се стави товар на грбот на неколку идни генерации, додаде тој.

„Практично, Владата воведе данок на иднината и под хипотека стави неколку идни генерации“ рече претседателот Венко Филипче, повикувајќи на итна и целосна транспaрeнтност.

Зачлени се на нашиот е-билтен