Европската Унија додели 50 милиони евра за вработување на млади во Албанија

Комисијата за европски прашања го одобри финансискиот договор со Европската комисија за повеќегодишната оперативна програма за вработување на млади во Албанија, во рамки на ИПА III Програмата, за периодот 2024-2027 година.

Заменик-министерката за економија, култура и иновации, Олта Мањани, изјави дека програмата има за цел целосно вклучување на младите луѓе на пазарот на трудот, со посебен фокус на групата NEET, млади луѓе кои не се во образование или обука, на возраст од 15 до 29 години.

Според неа, овој договор не е само политички документ, туку еден од најважните договори што ќе ги одобри албанската држава во врска со најголемата програма за вработување на млади.

-Повеќегодишната оперативна програма, која е поддржана од Европската Унија, го става вработувањето на младите во центарот на вниманието преку програмата „Гаранција за млади“, нагласи таа.

Програмата, со вкупна вредност од 63,48 милиони евра, од кои 50 милиони од ЕУ и 13,48 милиони од албанската влада, ќе поддржи три главни области: зголемување на вработеноста на младите, подобрување на образованието и стручната обука и зајакнување на институционалните капацитети за ефикасно спроведување на програмата.

Зачлени се на нашиот е-билтен