Претседателот на ЛК СДММ, Прилеп, Бојан Цветаноски, денеска побара одговори на прашањето: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност? Според Цветаноски, МВР и Тошковски, треба веднаш да одговорат дали документот на кој има само интерна ознака, е фалсификат. Доколу се потврдат сомнежите дека институциите под водство на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, фалсификуваат документи за да ги штитат партиските членови ќе побараат кривична одговорност за сите инволвирани, од извршителите до политичките наредбодавци.
„Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани скандалот стана уште поголем. УМС објави демек „доказ“ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок“, рече Цветаноски.
Тој посочи дека не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат – што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства.
„Но што е клучно. На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2. Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот. Тоа значи – оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием! Со други зборови, оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана“, рече Цветаноски.