Најмалку тројца загинати откако се запали ирански брод со метанол

Најмалку три луѓе загинаа, а 10 се повредени откако се запали резервоар за метанол во пристаниште во јужната иранска покраина Бушер, објави државната новинска агенција ИРНА.

Иранската државна телевизија објави дека брод со метанол, закотвен во пристаништето Бандар Дајер и во сопственост на петрохемиската компанија Кавех, се запалил од непознати причини.

– Со оглед на обемот на пожарот, најверојатно бројот на загинати и повредени ќе се зголеми, изјави директорот на Службата за итни случаи.

Во април, во пристаништето Шахид Раџае, исто така јужен Иран, се случи силна експлозија при што загинаа 57 луѓе. Експертите предупредуваат на лошо складирање на хемикалиите.

Зачлени се на нашиот е-билтен