Герапетритис: Грчкото МНР ја активираше единицата за управување со кризи за Грците во Израел и Иран

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение им препорача на Грците кои се во Израел да останат на безбедни места, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис утрово посочи дека веќе е активирана единица за управување со кризи за грчките државјани во Израел, Иран и поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерството за надворешни работи, земајќи ја предвид вонредната состојба прогласена во Израел, им препорачува на грчките граѓани кои се наоѓаат во земјата да останат на безбедно место, во близина на засолниште и да ги следат упатствата на локалните власти. Израелскиот воздушен простор е затворен и во моментов нема летови до и од аеродромот Бен Гурион, соопштија од грчкото МНР.

Зачлени се на нашиот е-билтен