Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран

Израел е многу блиску до постигнување на својата цел за елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер вети дека неговата земја нема да дозволи да биде вовлечена во војна до исцрпување, но, исто така, рече дека нема да ја заврши иранската кампања предвреме.

– Нема да ги спроведуваме нашите дејствија надвор од тоа што е потребно за нивно постигнување, но, исто така, нема да завршиме прерано. Кога ќе бидат постигнати целите, операцијата ќе заврши и борбите ќе престанат, изјави тој за израелските медиуми.

„Не се сомневам дека ова е режим кој сака да нè уништи, и затоа ја започнавме оваа операција со цел да отстраниме две специфични закани за нашето постоење: нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Чекор по чекор се движиме кон остварување на тие цели. Многу, многу сме блиску до нивната реализација“, рече тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен