Директорот на МААЕ повикува страните во конфликтот да бараат дипломатско решение

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, синоќа на итната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека страните во ескалирачките конфликти на Блискиот Исток мора да се вратат на патот на дипломатско решение. 

-Постои „прозорец на можности“ за враќање кон дијалогот и дипломатијата, рече Гроси.

Тој додаде дека „доколку тој прозорец се затвори, насилството и уништувањето би можеле да достигнат незамисливи нивоа, а глобалниот режим за неширење на оружје би се срушил“. 

Истовремено, Гроси ги повика сите страни да покажат максимална воздржаност и додаде дека самиот е подготвен да оди на местото на настанот за да се ангажира со претставниците на тие страни.

Советот за безбедност на ОН одржува седница на барање на Иран, откако САД извршија напади врз три ирански нуклеарни постројки.

Американските воени сили вчераноќ ги нападнаа објектите во Фордоу, Натанц и Исфахан.

Зачлени се на нашиот е-билтен