Трамп: Честитки на сите, Иран и Израел се согласија за прекин на огнот и крај на „12 дневната војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп во Градината на розите во Белата куќа, 19 мај, 2025 г. Фото: Официјална фотографија на Белата куќа од Карлос Фајф (The White House), јавен домејн, Викимедија комонс
Претседателот на САД, Доналд Трамп во Градината на розите во Белата куќа, 19 мај, 2025 г. Фото: Официјална фотографија на Белата куќа од Карлос Фајф (The White House), јавен домејн, Викимедија комонс

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека Израел и Иран се согласиле за прекин на огнот, во објава на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“.

„Честитки за сите! Договорено е меѓу Израел и Иран дека ќе има целосен прекин на огнот (за приближно 6 часа од сега, кога Израел и Иран ќе се повлечат и ќе ги завршат своите последни мисии), по што војната ќе се смета за завршена“, напиша тој.

Трамп во објавата нагласи дека за време на секој прекин на оган, другата страна ќе остане мирна.

„Под претпоставка дека сè ќе функционира како што треба, што и ќе функционира, би сакал да им честитам на двете земји, Израел и Иран, за тоа што имаа издржливост, храброст и интелигенција за да го завршат она што треба да се нарече ’12 дневна војна’“, рече тој.

Како што тој оценува, оваа војна можела да трае со години и да го уништи целиот Блиски Исток, но тоа, како што вели, никогаш нема да се случи.

„Бог да го благослови Израел, Иран, Блискиот Исток, Соединетите Американски Држави и светот“, напиша Трамп.

Преземено од Мета.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен