Предлог законот за соодветна правична застапеност, помина на владина седница. Власта посочува дека со ова законско решени се предвидува во администрацијата да се ‘вработуваат компетентни кадри од сите етникуми, со предност на кандидатите според мерит системот за заслуги и вредности. Ситем кој е темел на предлог законот за правична застапеност’.
Веста ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес конференција со првиот вицепремиер и минситер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Како што рече Мицкоскки, Предлог-законот ќе биде доставен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура. Според него, со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор како на државно, така и на локално ниво.
„Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, закон со кој отвораме ново поглавје на професионализам во јавниот сектор на државно и на локално ниво. Овој закон има една јасна цел – администрацијата да биде вистински сервис на сите граѓани, но изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет. За разлика од времето кога партиската книшка и етничката припадност беа поважни од дипломата и стручноста, ние поставуваме нов стандард: знаење, интегритет и заслуги“, рече Мицкоски.
Стручна администрација не е прашање на етничка припадност, вели премиерот, таа е еднакво важна за секој граѓанин без разлика од која заедница доаѓа. Со законот, тој оцени дека не само што ќе се воспостави баланс, туку и темел на професионална, транспарентна и модерна администрација.
Тој им честиташе на Влен и на другите претставници на етничките заедници, истакнувајќи дека „ова е многу важен закон за Албанците, но и за сите останати“, бидејќи, како што рече, законот ќе стимулира и ќе дава шанса, запазувајќи го квалитетот.
Вицепремиерот Меџити, посочи дека овој Предлог закон претставува историски момент, бидејќи, како што рече, првпат правичната и соодветната застапеност, како уставна категорија од 2001 година, добива јасно и целосно законско решение. Тој оцени дека „овој иако задоцнет, но неопходен чекор“ ќе го отстрани влијанието на дневната политика, бидејќи, според него, ова претставува доказ дека кога им политичка волја има и резултат.
„Овој Предлог закон претставува историски момент, бидејќи за првпат правичната и соодветната застапеност како уставна категорија од 2001 година добива јасно и целосно законско решение. Иако ова прашање требаше да биде регулирано со закон уште во 2003 година, со децении остана заложник на политичката волја. Предлог законот гарантира еднаква пристапност во вработување во јавната администрација, правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавните институции, но обезбедување вработувањата и унапредувањата да се вршат врз основа на заслуги и квалификации на секој поединец. Овој иако задоцнет, но неопходен чекор го отстранува влијанието на дневната политика. Усвојувањето на овој Предлог закон е доказ дека кога има политичка волја има и резултат. Со оваа одлука Владата дава сигнал за изградба на јавна администрација пофункционална, поправедна и позастапена“, рече Меџити.
ѓ