Полицијата во моментот трага по други осомничени. Денешната акција на полицијата доведе до апсењето на три лица, вклучувајќи Антиќ, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград. Тие се осомничени за подготовка на кривично дело кое се однесува на напад на уставниот поредок и безбедноста на Србија.
Покрај Антиќ, уапсени се и И.М. и Б.М. Според полицијата, сите тројца осомничени се вмешани во состанок одржан на 21 јуни 2025 година во хотел во Краљево, каде што планирале насилна промена на власта во земјата. Нивните намери вклучувале физичко насилство врз претставници на државните институции и напади врз полицијата, како и насилна провала во зградите на владините институции и медиумите.
И.А., еден од уапсените, беше задржан во Гугаљ, при што полицијата пронајде нелегално оружје – пиштол CZ 765 со скршен сериски број, со патрони. Б.М. беше приведен во Крагуевац. Полицијата објави дека осомничените ќе бидат изведени на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Белград во следните 48 часа.
Извор: A1on.mk