[Видео] Комненовиќ: Покрај опструкциите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Чучер Сандево има резултати и се развива

Општина Чучер-Сандево е доказ дека кога има визија, волја, чесна намера и упорна работа, ниту една пречка – па ниту опструкции од централната власт  на ВМРО-ДПМНЕ – не може да го сопре напредокот, истакна градоначалникот на оваа оптшина Сашко Комненовиќ, како одговор на систематските обиди на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ја закочи работата на општината.

Во обраќањето до јавноста и медиумите, градоначалникот Комненовиќ уште наведе:

Власта прави сѐ – преку институции, преку министерства, па дури и со недавање согласности за проекти и вработувања – со една единствена цел: да се спречи развојот и да се казнат граѓаните само затоа што избрале поинаква власт на локално ниво.

Но, ние не застанавме. Работевме и успеавме. Општина Чучер Сандево во изминатите години се развива и напредува.

 -За првпат по децении, решивме проблем кој ги мачеше жителите на пет села – Побожје, Кучевиште, Бањани, Чучер и Горњани – летата без вода се веќе минато. Сега во сите овие села има стабилно водоснабдување преку целото лето.

-Изградивме 10 најмодерни мултифункционални спортски игралишта, по едно во секое село – за нашите деца, за младите, за целата заедница.

-Отворивме нова детска градинка, која функционира беспрекорно.

-За првпат воведовме целодневна настава – европски стандард кој го заслужуваат и нашите деца.

-Во тек е изградбата на Културен дом во Сандево, проект кој ја зближува заедницата и ја негува културата.

-Асфалтирани се улици низ цело село Бањани, делови од Мирковци, Побожје и цело село Горно Блаце.

Интенизвно работиме на капитални инфраструктурни проекти:

– Канализациска мрежа во Глуво, Побожје, Кучевиште

– За Кучевска Бара е изработен комплетен проект за канализација од 13 километри и пречистителна станица.

– Обезбедени се 3 милиони евра преку договор со Град Скопје,

– 1 милион евра од Владата во 2022 година

– и дополнителни 400.000 евра во 2024 година.

Сѐ е подготвено, и единствена пречка за почетокот на изградбата е Владата, која веќе со месеци не издава потребни согласности за режим на сообраќај!

Во Горњани исто така се обезбедени пари, проекти и дозволи за канализација и водовод – но и тука наидуваме на административни кочници од централната власт.

Во културата, за првпат во нашата општина:

– „Сандево Фест“ стана нов препознатлив симбол на културен живот

– Видовден беше свечено одбележан со целосна поддршка од општината

– Повторно се организираат турнири во мал фудбал и кошарка

– Активирани се ликовни секции и изложби на уметнички творби

Но, Владата не престанува со блокадите:

– Не дава согласност за нови вработувања во градинките.

– Од најавените унгарски пари – ни денар не е пристигнат.

– Избраниот изведувач за поплочување на дел од Јосинг до обиколницата не смее да работи, иако има обезбедени средства.

– За Кучевска Бара не доставуваат режим на сообраќај, па не можеме да почнеме проект што граѓаните го чекаат веќе 50 години

Почитувани, ова е сликата: една мала, но упорна општина се гради и се развива. А една голема, но злобна и партизирана влада се труди да ја сопре. Дури и советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја кочат работата на советот.

Пред некој ден, советничка од ВМРО-ДМНЕ излезе со лаги и невистини да ја клевети оштината и лично мене.

Иако, компанијата што ја спомена никогаш и никаде не се јавиле на јавна набавка за изведба на спортски игралишта, а камо ли да биде избрана за јавна набавка.

Како советник треба да ги следи јавните набавки а не дрско да лаже.

За изнесените лаги и клевети очекуваме извинување

Ние ќе продолжиме да работиме без разлика на опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ. За нашите деца, за нашите соседи, за иднината на Чучер-Сандево. Ова е наша должност и чест. А народот гледа и знае да ја препознае вистинската работа и на локалните избори повторно ќе ја даде довербата на оние кои работат.

Зачлени се на нашиот е-билтен