СДСМ: Трипуновски политички манипулира, откупната цена само на оризот за една година падна од 40 на 25 денари за килограм…

Од ветените жетви на Цветан Трипуновски останаа само празни ниви, понижени земјоделци и влошена состојба во македонското земјоделство.

И денес, наместо конкретна поддршка и решенија, Трипуновски продолжи со политички манипулации, лажни изјави и бегство од реалноста во која живеат земјоделците.

Фактите говорат јасно:
-Цената на оризот за една година е намалена од 40 на 25 денари за килограм.
-Жетвата на јачмен започна со исти – ниски – откупни цени како лани.
-Сточарите добиваат понизок откуп на млекото, за еден денар помалку, а субвенциите им се намалени.
-За производителите на сончоглед укинати се 6 денари од Интервентната програма што постоеше до пред една година.
-Се суши тутунот на полето во Прилепско, се намалија оризовите насади поради нефункционални системи за наводнување и нефункционирање на институциите.

Земјоделците една година добиваат само помалку:
– Помалку субвенции,
– Помалку поддршка,
– Помалку сигурност,
– А добиваат повеќе – страв, притисоци и понижување.

Програмите за мали семејни бизниси се укинати, социјалната димензија на земјоделството е целосно игнорирана. Тоа е вистинската слика на едногодишното „работење“ на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН со Цветан Трипуновски во ресорот земјоделство.

За само една година, земјоделците никогаш не биле во полоша положба – со ова темпо, сè повеќе полиња ќе останат необработени, а македонското село ќе биде целосно напуштено.

СДСМ останува на страната на земјоделците – со јасни мерки, системски решенија и почит за нивната работа и достоинство.

Зачлени се на нашиот е-билтен