Во Брисел денеска ќе се одржи 23-та Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Црна Гора во чии рамки времено ќе бидат затворени преговорите по Поглавјето 5 – „Јавни набавки“.
Црна Гора аплицираше за членство во ЕУ во декември 2008 година, а во декември 2010 година и беше доделен статус на земја кандидат за членство во Унијата.
Првата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Црна Гора на министерско ниво се одржа на 29 јуни 2012 година со што земјата го започна процесот на преговори за пристапување кон Унијата.
Во рамки на пристапните преговори Цена Гора досега отвори 33 поглавја, од кои шест се времено затворени.