Данска го презема претседателствотосо ЕУ 

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа. 

– ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти. Затоа ЕУ мора да биде способна да дејствува самостојно. Силата на ЕУ, меѓу другото, лежи во европското единство, солидна економска основа, стабилни демократии и социјално балансирани општества, се наведува во Програмата за работа на Данското претседателство. 

Данското претседателство со ЕУ најавува и продолжување на поддршката за Украина и изнаоѓање нови и иновативни решенија за предизвиците на Унијата во врска со нерегуларната миграција за да може да се контролира приливот на илегални мигранти во Унијата. 

Според Данска, понатамошното проширување на ЕУ е геополитичка неопходност, како единствениот начин ЕУ ефикасно да придонесе за стабилизирање на европскиот континент и зајакнување на отпорноста на земјите ранливи на несакано надворешно влијание.  

– Затоа, Данското претседателство ќе работи амбициозно на промовирање на проширување на Унијата врз основа на заслуги и ќе ја подготви ЕУ за проширување преку внатрешни реформи. Согласно тоа, Данското претседателство ќе ги унапреди преговорите за проширување со Украина, Молдавија и Западниот Балкан, се вели во Програмата.  

Зачлени се на нашиот е-билтен