Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека позицијата на неговата земја „победила“ во Алијансата, велејќи дека на минатогодишниот самит во Вашингтон, „сите освен Унгарија“ зборувале за членството на Украина во НАТО и Европската Унија, додека никој не го споменал истото на самитот во Хаг.
-За време на неодамнешниот самит на НАТО, американскиот претседател јасно стави до знаење дека е за мир. НАТО не е формиран за да води војна, туку за да брани и воспостави мир, додавајќи дека Украина не смее да стане членка на Алијансата бидејќи не станува збор за мешање на НАТО во војната меѓу Украина и Русија, рече Орбан.
Тој рече дека, наместо тоа, Алијансата мора да се фокусира на зајакнување на самата себе и „ нашите животи да ги направи побезбедни“, пренесува МТИ.
-Конечно, тука е НАТО, каде што победивме. Унгарија ја претвори својата изолирана, губитничка позиција во посилна, мнозинска позиција, заедно со САД, Турција и Словачка, сериозна група, заклучи Орбан.
Орбан нагласи дека е важно мнозинството во НАТО да верува дека војната со Русија „може да нè доведе до трета светска војна“ доколку Алијансата интервенира на страната на Украина.
Тој додаде дека е потребно да се разговара со Русија и да се постигне договор за да се избегне трка во вооружување.