Бен Нупнау: Брисел е подготвен да обезбеди дека нема да има проблеми со Бугарија откако ќе продолжат преговорите

Брисел е подготвен да обезбеди дека нема да има проблеми со Бугарија откако ќе продолжат преговорите, рече заменик шефот на Делагацијата на ЕУ во Скопје Бен Нупнау, на панелот „Премостување на јазот во довербара во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциите“, во организација на Атлантскиот совет кој се одржа на маргините на Лидерскиот состанок Западен Балкан/ЕУ во Скопје

„Она што е јасно е дека идентитетот, идентитетските и билатералните прашања не се дел од преговорите. И тоа беше јасно изразено од сите лидери што дојдоа во Скопјe во последните шест месеци. Но, исто така е јасно дека сите лидери изразија дека постои пат напред и дека се согласивме за пат напред и дека треба да го продолжиме овој пат“, истакна Нупнау.

Тој нагласи дека постои преговарачка рамка и дека треба да се следи тој процес.

„Сите тие (лидерите во Брисле) ја изразија својата подготвеност да влезат и да го олеснат процесот и преговорите и да обезбедат дека нема да се појават дополнителни проблеми откако ќе продолжат преговорите“, нагласи на панелот заменик шефот на Делагацијата на ЕУ во Скопје Бен Нупнау.

Зачлени се на нашиот е-билтен