Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател меѓу двајца кандидати

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед. 

-Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува Сојузот на средношколци. 

Има двајца кандидати за претседателската функција: Виктор Јакимов – ученик од средното приватно училиште „НОВА“ во Скопје, кој оваа година завршил втора година средно, и Иво Маркиќ – ученик од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ – Скопје, кој во јуни завршил прва година средно образование.

Зачлени се на нашиот е-билтен