Во 20:02 часот, преку Е-112, е добиена пријава за пожар на куќа на ул. Скупи (Општина Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК, побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да можат екипите на БППЗ да интервенираат.
Според неофицијални сознанија, од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи.
Екипи на БППЗ се на лице место и работат на гаснење на пожарот.