Автомобилско шоу во Тетово предизвика негодување кај граѓаните поради гласна бучава и отсуство на полиција

Денес попладне во Тетово се одржа автомобилско шоу кое, според поплаки од граѓани, траело од 16:30 часот со ниво на бучава далеку над дозволените 40 децибели за периодот од 15:00 до 18:00 часот.

Сведоци на настанот велат дека за време на целиот настан не било забележано полициско присуство, иако активностите вклучувале дрифт, возење во круг, палење гуми и настапи со возила со модифицирани ауспуси што создавале засилена бучава.

Граѓаните изразуваат незадоволство поради нарушување на јавниот ред и мир, како и поради недостатокот на надзор од надлежните служби. Засега нема официјално соопштение од полицијата или од локалната самоуправа во врска со одржувањето на настанот.

Зачлени се на нашиот е-билтен